Арената во која своите натпревари ги игра НБА-франшизата Мајами Хит е во потрага по нов спонзор. Договорот на актуелниот спонзор „Американ ерлајнс“ истекува на крајот од годината, а компанијата соопшти дека нема да го обнови истиот.
Интересно е дека прва компанија која излегла со понуда да стане нов спонзор на Арената била (Бенг Брос). Станува збор за продукциска компанија од Мајами која продуцира филмови за возрасни.
Од оваа компанија се сериозни во намерите бидејќи понудиле 10 милиони долари за една година. Доколку биде постигнат договор тогаш Арената би го носела името „Бенг Брос центар“ или скратено „Би-би-си“.
Прашање е дали НБА-франшиза сака да се поврзе со компанија која продуцира порно филмови, но во компанијата веруваат дека тие ќе бидат новите спонзори на Арената.