Top Sport

Богут лут на судиите по елиминацијата од Шпанија (Видео)

Центарот на кошаркарската репрезентација на Австралија, Ендру Богут бил незадоволен по поразот на неговата репрезентација од Шпанија, во полу-финалето на Светското првенство во Кина.

Шпанците по две продолженија победија 95:88, меѓутоа спорен е моментот во финишот на регуларниот дел кога судиите му доделија две слободни фрлања на Марк Гасол, при резултат 70:69 за Австралија.

Љуљ лошо го одигра шпанскиот напад, Богут го загради Гасол и ја собра топката, а судиите му досудија лишна грешка на Австралиецот. Гасол ги погоди двете слободни фрлања, потоа на спротивната страна Милс погоди едно слободно и мечот влезе во продолженија.

Во моментот кога Гасол доби фаул, Бугут гестикулираше дека судиите примиле поткуп.

По мечот во микс-зоната Богут викал: „Ова е е…а срамота“.

Scroll to Top