Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, се соочува со сериозни проблеми пред утрешниот натпревар со Лестер во Премиер лигата. Норвежанецот за овој натпревари нема да може да смета на услугите на најмалку петмина фудбалери.
Солскјер знаеше дека во конкуренција за дуелот со Лестер нема да бидат Марсија, Шо, Баи, Дало, а на оваа четвртока им се приклучи и Погба.
„Погба нема да биде подготвен. Ќе се игра само во случај на чудо, да закрепне преку ноќ. не беше во можност да тренира со полн интензитет“, рекол Солскјер.
Инаку Погба поради повреда ги пропушти дуелите на Франција со Албанија и Андора во квалификациите за пласман на ЕУРО 2020.
Она што го загрижува Солскјер е информацијата што ја добил од клупските доктори дека за Лестер се неизвесни Арон Ван-Бисака и Џеси Лингард.
Манчестер Јунајтед победи во првото коло против Челси, а потоа не успеа да освои три бода на наредните три натпревари, од друга страна Лестер има две победи од почетикот на сезоната.