Марио Манџукиќ уште ги одбива понудите од Катар и Ал-Гарафа, а додека размислува за својата иднина нема да биде во составот на Јувентус, објавуваат италијанските медиуми.
Хрватот нема да патува за Фиренца за дуелот од Серија А на Јувентус против Фиорентина иако е во добра физичка форма. Тој, сепак, е лут откако не беше вклучен во составот на Маурицио Сари за Лигата на шампионите, и сериозно размислува за заминување.
Според „Ла газета дело спорт“, тој ги одбил понудите од Катар, каде што добро би заработувал, и повеќе би сакал трансфер во некој клуб од МЛС лигата.