Top Sport

Ѓоковиќ: Има поважни работи во животот од тениските рекорди

Новак Ѓоковиќ го очекува неизвесен крај на сезоната, откако поради повредата на рамото (која придонесе да се повлече од САД опен), а доколку не е врати на теренот најверојатно ќе го загуби првото место на АТП листата од Рафаел Надал.

Сепак, Ѓоковиќ, кој со 16 гренд слем титули, заостанува три зад Надал и четири зад Роџер Федерер, признава дека може да замисли живот без тенисот.

„Дали тениските рекорди се поважни од времето кое го поминувам со семејството? Дали се поважни од моето здравје? Секако, не. Јас сум секогаш искрен и отворен околу тоа, и зборувам со сопругата за иднината. Со родителите, браќата, луѓето кои ми се блиски. Татко сум на два ангела и времето кое го поминувам со нив е многу драгоцено. Не сакам да поминам во животот и да сфатам дека не сум тука за нив и дека пропуштив многу“, вели Ѓоковиќ во интервју за „Си-Ен-Би-Си“.

Scroll to Top