Европските клубови во летниот преоден рок на трансфери потрошиле 3,98 милијарди евра, објави Европската фудбалска унија (УЕФА).
УЕФА наведува дека 80 клубови што настапувале во Лигата на шампионите и Лига Европа потрошиле 29 отсто повеќе пари во однос на претходната година, а речиси 19 отсто повеќе од рекордната 2017 година.
Речи половина од сите трансфери (47 отсто) се однесуваат на фудбалери на возраст помеѓу 21 и 24 години, додека само седум отсто од трансферите биле остварени за играчи постари од 28 години.
Нјмалку во овој преоден рок биле барани играчите од редот за врска (30 отсто), додека 43 отсто од клубовите ги собориле клупските рекорди.
Исто така УЕФА соопшти дека на социјалните мрежи луѓето најмногу го следат Реал Мадрид (222 милиони), а дека најпосетен сајт имал фудбалскиот клуб Ливерпул.