Последното коло во фазата по групи во Лигата на шампионите покрај 33.постигнати гола, донесе и неколку остварувања кои влегоа во аналите на ова натпреварување. Кристијано Роналдо стана првиот играч кој постигна гол на сите натпревари во фазата по групи, Англија е првата земја која ќе има пет тима во осмина-финалето, а Фил Фоден од Манчестер Сити стана најмладиот Англичанец кој започнал натпревар во Лигата на шампионите.
Фил Фоден го започна натпреварот прптив Шахтјор и со 17 години и 192 дена стана најмладиот Англичанец кој бил стартер на натпревар во Лигата на шампионите.
Исто така Фоден е првиот фудбалер кој е роден во 2000 година, а кој започнал натпревар во елитното натпреварување.
Со ова Фоден само ја продолжи брилијантната година. Тој во финалето на Светското првенство за играчи до 17 години постигна два гола и беше прогласен за најдобар играч на турнирот.
Англичаните „ископаа“ низа на интересни факти што се се случувало на денот на раѓањето на Фоден.
Blue blood! ?⚪️?⚪️ #fcsdvcity pic.twitter.com/6f6hTRewzH
— Manchester City (@ManCity) December 6, 2017
Џермејн Дефо (35), во дресот на Вест Хем, на денот кога бил роден Фоден го постигнал првиот гол во сениорска конкуренција.
Манчестер јунајтед ја освоил шестата титула во Премиер лигата.
Репрезентацијата на Англија во која играа Бекам, Овен и Ширер заврши на третото место во групата на Европското првенство во 2000 година, а Пеп Гвардиола бил еден од најдобрите играчи на тој турнир.
Во 2000 година пред раѓањето на Фоден, Англија во пријателски меч со Бразил одиграла нерешено 1:1, а актуелниот селектор Герет Саутгејт бил меѓу резервите.
Роберто ди Матео постигнал гол за Челси за победа над Астон Вила во последното финале на ФА купот одиграно на стариот Вембли.
Манчестер Сити со победата над Блекбурн изборил пласман во Премиер лигата.