Фернандо Алонсо немаше најдобар старт на својата кариера во рели-рејд трките, откако возачот на Тојота Газу рејсинг се преврте во првата етапа на Лихтенберг 400 трката во Јужна Африка.
Алонсо, кој размислува за учество на Дакар релито, како со-возач го имаше искусниот Марк Кома, но само по осум минути двајцата се превртеа, за на крајот да ја завршат етапата со очила бидејќи нивниот ветробран беше отстранет.
По ова, во втората етапа, следуваше нов малер – тој мораше повторно да сопре поради оштетен ветробран по судир со птица. На крајот, тие немаа поставено време на етапата.
„Илјада и една работа денеска! Многу први работи и многу работи за откривање за мене. Се превртев. Возев со мотоциклистички очила. Се наголтав прашина. Се судрив со птица. Имав дупната гума“, напиша Алонсо на Твитер.
Алонсо и Кома се надеваат дека ќе бидат подготвени за Дакар релито, кое во јануари ќе се оддржи во Саудиска Арабија.
Great 3 days in South Africa with @marc_coma and the all Hilux Team. A lot to learn, a lot to discover but feeling positive. @TOYOTA_GR pic.twitter.com/G2haSi6aNV
— Fernando Alonso (@alo_oficial) September 14, 2019
Mil y una cosas hoy! Muchas “primeras veces” y algunas cosas q teníamos q descubrir..?
Vuelco✅
Reparaciones✅
Conducir con gafas motocross✅
Tragar polvo✅
Quedarse nuevamente sin cristal, ahora con un pájaro✅
Pinchazo✅Aprendizaje intensivo. Nos vemos pronto y con más ✊️ pic.twitter.com/FPWxlhXfUw
— Fernando Alonso (@alo_oficial) September 14, 2019