Додека во саботата тинејџерот на Барселона, Ансу Фати го воодушеви светот со гол и асистенција во своето деби за клубот, помалку во сенка помина остварувањето на 20-годишниот Доњел Мален, фудбалерот кој ги постигна сите голови во 5:0 победата на ПСВ Ајндховен над Витесе.
Мален, кој инаку е произлезен од славната академија на Ајакс, стрелаше во 18., 36. и 47. минута од мечот, по што до крајот додаде уште два гола од пенал. Со ова Мален стана само третиот фудбалер во историјата на славниот холандски клуб, кој постигнал 5 гола во еден меч, по Коен Дилен (1959) и Берт Тојнисен (1964). Мален има 9 гола за ПСВ оваа сезона, а исто така постигна еден гол во својот прв меч за холандската репрезентација против Германија.
Мален на 16 години премина од Ајакс во Арсенал, каде што воодушевуваше во јуниорскиот тим, пред „топчиите“ да го продадат на ПСВ бидејќи за него немаше мето во првиот тим.