Франција го освои бронзениот медал на Светското првенство во Кина, откако со одличен пресврт во второто полувреме ја надминаа пеколната одбрана на Австралија за 67:59 (11:16, 10:14, 21:16, 25:13) победа.
Мечот не започна најдобро за „триколорите“, откако австралиската одбрана во првото полувреме им дозволи само 21 поен -само 11 поени во првата четвртина, од кои три се од тројката на Де Коло во последните секунди од четвртината.
На почетокот на третата четвртина, „Бумерси“ стигнаа и до 15 поени разлика и се чинеше дека бронзата е на дофат, пред Франција да се врати предводена од Фурние и Де Коло, кои до крајот на третата четвртина ја „стопија“ предноста на Австралијците. Последната четвртина му припадна на Ендру Албиси со три тројки за бронзен медал за Франција.
Нандо де Коло на крајот беше најефикасен со 19 поени, додека Еван Фурние додаде 16.
Големото финале на распоред е во 14 часот, а таму ќе се судрат Шпанија и најголемата сензација на шампионатот, Аргентина.
МЕЧ ЗА 3.МЕСТО
Франција – Австралија 67:59 (11:16, 10:14, 21:16, 25:13)
ФИНАЛЕ
Аргентина – Шпанија 14.00 ч.