Рики Рубио е прогласен за МВП на Светското првенство и на финалето во Кина, откако беше нивниот најдобар играч во пресметката со Аргентина и заслужено си оди дома со два трофеи.
Рубио, секако, е и во идеалната петорка на Мундијалот, заедно со Србинот Богдан Богдановиќ, најдобар стрелец на шампионатот (183 поени), Французинот Еван Фурние, Шпанецот Марк Гасол и Аргентинецот Луис Скола.
Гасол, пак, по добивањето на наградата, изјави дека најверојатно ова е неговото последно Светско првенство и не сакаше да потврди дали ќе биде во шпанската репрезентација на Олимпијадата во Токио следната година.
„Ова беа три месеци и имав многу среќа и успех. Но, во овој дел од кариерата, навистина не знам. Сакам да бидам во Токио, но не можам да ветувам. Ова, најверојатно, ми е последното Светско првенство“, изјави 34-годишниот Гасол.