Top Sport

Паласио за победата на Болоња: Михајловиќ беше бесен на полувреме

Болоња направи спектакуларен кам-бек, враќајќи се од 1:3 негатива за 4:3 победа на гости кај Бреша и Родриго Паласио открива дека Синиша Михајловиќ, иако не беше на стадионот „Ригамонти“ во неделата, им оддржал вистинска лекција на полувреме.

Ова беше прв меч на Болоња во Серија А оваа сезона без Михајловиќ на клупата, бидејќи тој е во клиниката во Болоња каде што добива втора доза хемотерапија за леукемијата, но тој искомуницирал со клубот на полувреме.

„Михајловиќ беше бесен на полувреме и јасно ни ја прати таа порака, така што се обидовме да го искористиме тој менталитет кога се вративме во второто полувреме. Поради него и неговиот менталитет играме вака“, вели Паласио.

Болоња се непоразени оваа сезона по три меча со Верона, СПАЛ и Бреша, но Паласио вели дека ниту тој ниту Михајловиќ не се задоволни.

„Сакавме девет поени“, објаснува фудбалерот.

Болоња победи за Михајловиќ со прекрасен пресврт и сега се втори во Италија! (видео)

Scroll to Top