Top Sport

Еурофарм Работник со тесен пораз ја отвори Лигата на шампиони

Тимот на Еурофарм Работник може да жали што не победи во своето деби во ЕХФ Лигата на шампиони, откако во Битола, Спортинг Лисабон извлече 30:29 (15:16) победа.

Тимот на Стевче Алушовски имаше одлично прво полувреме, во кое имаа гол предност (16:15) по неколкуте промени на резултатот и водството, но во второто полувреме се покажа искуството на португалскиот клуб, кој направи предност од  два гола, која потоа на крајот ја сочуваа за 30:29 победа.

Ловро Јотиќ и Владислав Остроушко беа најефикасни за Работник со пет постигнати голови, додека Романецот Валентин Гионеа постигна дури 10 голови за Спортинг.

Минатогодишниот вице-шампион, Веспрем, кој лани загуби во финалето од Вардар, пак, покажа дека повторно е сериозен тим, со убедлива 40:28 победа над Мотор Запорожје, додека Флензбург во меч од групата А, стигна до тесна 24:23 победа на гости кај Целје.

Во скандинавското дерби во групата Д, данскиот ГОГ својот кам-бек во ЛШ по десетгодишна пауза го прослави со убедлива 33:24 победа на гости кај норвешкиот Кристијанштад.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1.КОЛО

ГРУПА А

Целје – Флензбург 24:25 (12:13)

Елверум – Алборг 19.00 ч.

Табела: 1.ПСЖ 2, 2.Пик Сегед 2, 3.Алборг 0, 4.Флензбург 0, 5.Елверум 0, 6.Целје 0, 7.Барселона 0, 8.ППД Загреб 0

ГРУПА Б

Веспрем – Мотор Запорожје 40:28 (17:13)

Кил – Кјелце 19.00 ч.

Табела: 1.Вардар 2, 2.Порто 2, 3.Кил 0, 4.Веспрем 0, 5.Кјелце 0, 6.Мотор 0, 7.Монпелје 0, 8.Мешков Брест 0

ГРУПА Ц

Еурофарм Работник – Спортинг Лисабон 29:30 (16:15)

Табела: 1.Савехоф 2, 2.Спортинг Лисабон 2, 3.Бидасоа Ирун 0, 4.Еурофарм Работник 0, 5.Прешов 0, 6.Рихимаки Кокс 0

ГРУПА Д

Кристијанштад – ГОГ 24:33 (14:17)

Табела: 1.ГОГ 2, 2.Чеховски медведи 2, 3.Кадетен 1, 4.Динамо Букурешт 1, 5.Висла Плоцк 0, 6.Кристијанштад 0

Scroll to Top