Фудбалерот на Рома, Диего Пероти, го продолжил договорот со клубот до 2021 година. Информацијата ја потврди аргентинскиот фудбалер на својот профил на „Фејсбук“.
„Ова е добар период за нас. Се пласиравме во осмина-финалето во ЛШ, а тоа никој од нас не го очекуваше. Завршивме на првото место во групата, а во првенството на Италија можеме да напредуваме“, напишал Пероти.
Аргентинецот (29) во Рома пристигна во февруари минатата година од Џенова. За Рома има одиграно 78 натпревари, на кои постигнал 18 гола.