Top Sport

Франција и Германија се враќаат во календарот на Ф1

Шампионатот во Формула 1 во наредната трка ќе има 21 трка, една повеќе во однос на оваа година, објави Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА).

Во календарот на најбрзиот циркус во светот се вратија трките во Франција и Германија, а в година нема да се вози Големата награда на Малезија.

Новата сезона ќе започне со трката за Големата награда на Австралија во Мелбурн на 25 март 2018 година. Титулата ја брани возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон.

Покрај трките за големите награди на Франција и Германија во 2018 година, ќе се возат и трките во Бахреин, Кина, Шпанија, Монако, Канада, Австрија, Велика Британија, Унгарија, Белгија, Италија, Сингапур, Русија, Јапонија, САД, Мексико, Бразил и Обединетите Арапски Емирати.

Scroll to Top