Канадската тениска ѕвезда, Јуџини Бушар, повторно излезе на состанок со момчето кое се обложи со неа за време на Супер болот во февруари.
Супер болот беше драматичен, во кој Атланта фалконс имаа огромна предност против Њу Ингланд патриотс, но го загубија мечот. Во текот на мечот, нејзиниот „следбеник“ на Твитер, Џон Герке ја праша „Ако Патриотс победат, одиме на состанок?“, на што таа одговори „Сигурно“. Кога се случи пресвртот, Канаѓанката остана на зборот и излезе со Герке на НБА меч на Бруклин нетс.
Сега, очигледно, дека пријателството продолжи. Герке ја посетил тенисерката на подготовките за новата сезона, и останува да се види дали се работи за обично пријателство или за романтична посета.
Look who came to visit me! ? @punslayintwoods #superbowltwitterdate pic.twitter.com/LzH0d63taT
— Genie Bouchard (@geniebouchard) December 6, 2017