Top Sport

Брисел ги загуби натпреварите за Евро 2020, „Вембли“ со седум меча

„Вембли“ ќе биде домаќин на седум натпревари на Европското првенство во фудбал во 2020 година, откако белгиската престолнина Брисел го загуби правото на организација на натпреварите.

Стадионот во Брисел уште не е изграден и УЕФА не доби доволно гаранции дека сè ќе биде подготвено до крајниот рок. „Вембли“ претходно требаше да биде домаќин на полуфиналињата и на финалето, но сега ќе има и три меча по групи и еден дуел од осминафиналето.

Евро 2020 ќе биде првиот континентален шампионат на кој ќе се игра со нов формат, со натпревари по групи во повеќе градови низ цела е вропа – Минхен, Рим, Баку, Санкт Петербург, Букурешт, Даблин, Билбао, Глазгов и Копенхаген. И „Арената Филип Втори“ во Скопје се кандидираше за организација, но не го доби правото.

Scroll to Top