Никола Ѓорѓиев капитенот на одбојкарската репрезентација на Македонија е играч на денот на Европското првенство.
Македонија, синоќа во Љубљана ја забележа првата победа во својата историја на европските првенства. Капитенот Ѓорѓев одигра нестварен меч во победата на Македонија од 3-1 против Белорусија.
Ѓорѓиев на овој натпревар освои 37 поени.
„Македонија во понеделникот вечерта испиша историјата со првата победа на европските првенства. Тимот го загуби првиот сет од Белорусија, но потоа ја наметна својата игра и победи 3-1. Свое шоу имаше капитенот на тимот Никола Ѓорѓиев. 31 годишниот играч оствари рекорд со 37 поени, со моќните сервиси го растури противникот“, пишува во коментарот на Европската одбојкарска федерација (ЦЕВ).
„Ова е нашата игра, вака треба да играме секогаш. Оваа енергија, желба и мотивација ни недостасуваше во првите натпревари“, рекол Ѓорѓиев по натпреварот.
Македонските одбојкари денес ќе го одиграат мечот од последното коло во Ц-група. Противник на Македонија од 17.30 часот ќе и биде Словенија.
фото/cev.eu