Кристијано Роналдо тврди дека требало да добие уште некоја „Златна топка“. Во интервјуто што го направил новинарот Пирс Морган, Португалецот, рекол дека заслужил да има повеќе „Златни топки“ од неговиот опонент Лионел Меси.
„Меси влезе во историјата на фудбалот, меѓутоа мислам дека јас требаше да имам шест, седум или осум „Златни топки“, дека треба да имам повеќе такви награди од него“, рекол Португалецот во интервјуто за телевизијата „ИТВ“ и продолжил.
„Мислам дека тоа сум го заслужил. Сигурен сум дека и јас, со она што го имам направено и што уште го правам, сум испишал историја во фудбалот. Јас сум во групата на најуспешните во историјата на овој спорт“.
Без трошка скромност, Португалецот продолжува во својот его-стил.
„Сметам дека сум број 1 во историјата, доколку за некого најдобар е некој друг, а јас сум на второто место, тоа секако не ми прави проблем. Знам дека сум веќе во историјата како еден од најдобрите“.
Роналдо кариерата ја за почнал во Спортинг Лисабон, а играл во Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус.
Роналдо: Сексот со Георгина е подобар од било кој постигнат гол