Николо Барела вчера го спаси Интер од пораз не дозволувајќи им на фудбалерите на Алавија да направат вистинска сензација во првото коло во Ф-групата. Киксот може да има големо влијание врз амбициите на Интер сезонава во Лигата на шампионите, бидејќи во групата ривали уште им се Барселона и Борусија Дортмунд.
„Јас сум виновен што резултатот е ваков. Јас згрешив. Очигледно е дека не сум ја подготвил добро екипата за сите можни сценарија. Не ги чепкајте децата што играа“, рекол тренерот на Интер, Антонио Конте и дополнил.
„Сите потфрливме, а јас испаднав вистинско магаре. Мразам кога се игра со долги топки, а ние токму тоа го правевме. Тоа не ни беше „планот Б“, воопшто не го вежбавме тоа. Поради тоа заслужувам да бидам испратен во ќоше“.
По првото коло во Ф-група сите тимови имаат по еден бод. Интер во наредното коло ќе гостуваат во Барселона.