Фудбалерот на Ајнтрахт од Франкфурт Дани Да Коста од бизарна причина поднел тужба против својата мајка.
Да Коста (26) си ги побарал назад дресовите кои за него имале сентиментална вредност. Тој поднел тужба со тврдење дека неговата мајка не сака да му ги врати дресовите.
Станува збор за шест гарнитури на дресoви што Да Коста ги носел во важни натпревари во кариерата.
Медиумите во Германија пишуваат дека мајката тврдела дека станува збор за недоразбирање, односно дека таа мислела дека синот и ги подарил дресовите.
Рочиштето за овој бизарен случај било закажано за 27 септември.