Уругвајскиот фудбалски интернационалец од редовите на Барселона, Луис Суарез (32) и синоќа на „Вестфален“ во Дортмунд не успе да ја прекине црната серија која го следи од 16 септември 2015 година.
Напаѓачот кој во Барса дојде за 81 милион евра цели 4 години нема постигнато гол нагости во Лигата на шампионите, а исто толку години Барса го нема подигнато „пехарот со големите уши“.
Последниот гол што Уругваецот го постигнал во ЛШ надвор од „Ноу Камп“ е на „Олимпико“ во Рим, против тимот на Рома.
Оттогаш до сега Барселона одиграла 21 меч нагости во ЛШ, а Суарез 19-пати бил на теренот и тоа во првата постава.
Откако е член на клубот од Каталонија, Суарез одиграл 250 натпревари, постигнал 179 гола во сите натпреварувања.
Во Лигата на шампиони зад себе има 49 меча со 20 гола, но цели 4 години без гол на гости.
Погледнете кај кои се тимови гостуваа Каталонците во споменатиот период:
BATE
Arsenal
Atlético
Gladbach
ManCity
Celtic
PSG
Juve
Sporting
Olympiacos
Juve
Chelsea
Roma
Spurs
Inter
Lyon
ManUtd
Liverpool
Dortmund