Американскиот тим што се натпреварува во првенството на Формула 1, Хас, објави дека со иста постава на возачи ќе влезе и во наредната сезона.
Возачи на Хас се Данецот Кевин Магнусен и Французинот Роман Грожан. Овие пилоти четири години ги возат болидите на Хас.
Грожан е возач на Хас од 2016 година, а Магнусен на тимот му се приклучил една година подоцна.
Првиот човек на тимот, Гинтер Штајнер рекол дека во иднина очекува тимот да напредува, а останувањето на Грожан и Магнусен „ја прави таа платформа остварлива“.
Во тековната сезона Магнусен има освоено 18, а Грожан само осум бода што во конкуренција на 20 возачи ги сместува на 16 и 17 место во вкупниот пласман.