Аргентинскиот фудбалски интернационалец, Пабло Забалета верува дека Белгиецот, Кевин де Брујне е клучот на успехот на Манчестер Сити. Забалета, кој е екс-фудбалер на „граѓаните“, во суперлативи ја опишува играта на белгискиот фудбалер по синоќешната победа на неговиот тим нагости во Доњецк, против Шахтјор со 3-0 во првото коло од ЛШ.
„Секогаш гледате што прави Де Брујне за тимот, беше навистина неверојатен. Обично од него гледаме 2-3 асистенции, може и по некој гол, но тоа што тој го носи играјќи на топка е фантастично и прави разлика“ – изјави Забалета за „БТ-спорт“.
Белгиецот не беше дел од почетниот состав на Сити на минатонеделното гостување на „граѓаните“ кај Норич на кое претрпеа изненадувачки пораз од 3-2.
„Тој мора да игра на сите мечеви, постојано. Тој е таков играч што може да се прилагоди на повеќе позиции. Многу трча и одлична работа врши додека игра без топка“ – вели Аргентинецот.