Top Sport

Леклер е песимист пред трката во Сингапур: Има многу кривини!

Победникот на последните две трки во Формула 1 (во Белгија и Италија), пилотот на Ферари, Шарл Леклер смета дека неговата екипа ја очекува тежок викенд во Сингапур. Уличната трка во Сингапур, која ќе се вози овој викенд е една од последните 7 трки во Ф1, а патеката не одговара многу на болидите на Ферари.

„На хартија, трката во Сингапур не изгледа така добро за нас, има многу кривини, а малку рамен дел“ – смета Леклер.

Французинот триумфираше во Монца и на „Спа“, патеки кои многу повеќе му одговараат на неговиот болид, а патеката во Сингапур е со 21 свиок.

Неговиот клупски колега, Себастијан Фетел имаше лоша трка во Монца, но вели дека сигурно ќе ужива на патеката во Сингапур.

„Навистина уживам на патеката во Сингапур. Тоа е улична патека, нема место за грешка и една од неколку трки кои се возат ноќе. Веќе видовме дека на оваа трка се може да се случи и тешко е да се предвиде резултатот“ вели Фетел кој досега четирипати триумфирал на оваа патека.

Тимот на Мерцедес викендов влегува во трката како фаворит, затоа што неговите болиди сезонава беа доминантни на патеките со многу свиоци.

Пред неделната трка, лидер во генералниот пласман е Луис Хамилтон, пред тимскиот колега Валтери Ботас. Трет е Ферстапен, па по него Леклер.

Scroll to Top