Тренерот на Милан, Марко Џампаоло потврди дека Андреа Конти ќе игра против Интер во големото „Дерби дела мадонина“ овој викенд, и побара неговите фудбалери да се забавуваат на теренот по стартот на сезоната со две победи и еден пораз, но со многу неубедлива игра.
„Дербито има посебна клима, која те движи и чувство за кое потоа ќе зборувате долго. За нас е важен натпревар бидејќи секое дерби е историско. Јас имав шанси да проживеам друго дерби во Џенова и знам што значи тоа за навивачите и за клубот. Дали Интер се фаворити? Секој може да победи и да загуби во било кој меч. Тешко е да се прават предвидувања. Конти ќе игра утре и ќе добие голема шанса. Новите засилувања? За мене има само Милан, не индивидуални фудбалери. Имам 23 фудбалери и среќен сум со тоа“, вели Џампаоло.
Тој потоа побара неговите фудбалери да бидат со „студени глави“.
„Јас преферирам смирени фудбалери. Но, тие мораат да знаат да се забавуваат на теренот. Нема конфликти со Лукас Пакуета или со било кој друг“, вели тренерот.