Капитенот на фудбалската репрезентација на Србија, Бранислав Ивановиќ, постигна спектакуларен гол во победата на Зенит над Реал Сосиседад 3:1.
Ивановиќ во 64.минута во стил на најдобрите голгетери ја прими топката на гради, а потоа со ножички го совлада Рули.
Со овој гол екс играчот на Челзи му донесе предност од 2:1.
Зенит ја освои Групата-Л во Лига Европа, Реал Сосиедад заврши на второто место, а натпреварите ги завршија Розенбирг и Вардар, кој во Скопје одиграа 1:1.