Стивен Џерард одговори на коментарите на неговиот поранешен соиграч од Ливерпул и англиската репрезентација, Емил Хески, кој изјави дека не добива менаџерски позиции само поради бојата на кожата.
Хески изјави дека не е чудно што Џерард доби позиција во Глазгов Ренџерс, а Френк Лампард во Челси, бидејќи се работи за бели фудбалери, додека тој и Сол Кемпбел и Ешли Кол на пример, не можат да се најдат во иста позиција.
„Навистина немам што да кажам на тоа. Искрено, немам многу време да ги читам сите интервјуа што ги дава Емил Хески“, изјави тренерот на Ренџерс.