Легендарниот Антонио Касано секогаш бил искрен во своите изјави, така што не чуди најновото интервју за „Кориере дела сера“, во кое зборуваше за тоа кој посакува да ја освои Лигата на шампионите, и кој ќе биде шампион во Италија.
„Во Лигата на шампионите навистина се надевам дека ќе биде Барселона. Имам голема страст за Меси, и затоа мојот втор син се вика Лионел. Тој е најдобриот фудбалер во историјата. Како Роџер Федерер во тенисот- тука е Роџер, а потоа се сите други“, вели Касано.
Во Италија пак, Конте вели дека би се обложил дека Интер под Антонио Конте ќе ја освои титулата во Серија А.
„Интер ќе го освои скудетото. Тимот на мојот пријател Винченцо Монтела, Фиорентина ќе биде изненадувањето на сезоната, бидејќи тоа е еден од ретките тимови кои знаат како да играат и да се забавуваат“, додава Касано.