Top Sport

Харит со супер-гол ги крена Шалке на првото место во Бундеслигата (видео)

Шалке се искачи на првото место на табелата во Бундеслигата, израмнети со 10 поени со РБ Лајпциг (барем до утре), откако Амине Харит постигна прекрасен гол за да извлече 2:1 победа над Мајнц.

Суат Сердар го донесе домашниот тим во водство во 36. минута, меѓутоа Мајнц успеа да израмни во 74. минута преку Карим Онисиво, пред супер-голот на Мароканецот Харит да донесе три поени за Шалке. Харит минатата недела постигна хет-трик против Падерборн, а Шалке во пет кола има 3 победи, едно реми и пораз од Баерн Минхен.

Scroll to Top