Голманот на Манчестер Јунајтед, шпанскиот фудбалски репрезентативец Давид де Хеа помага во справувањето со поплавите во југоисточниот регион на Шпанија, во околината на Аликанте и Мурсија.
Шпанецот во четвртокот, иака неговиот тим играше меч од ЛЕ против казахстанска Астана, доби слободен ден од тренерот Солскјер, па англиските медиуми објави дека тој направил убав гест за својата татковина.
Де Хеа донирал 200.000 евра за поплавените региони во кои животот го загубија 7 луѓе.
Информацијата за донацијата на славниот шпански голман ја открил Црвениот крст на Шпанија.
Поради поплавите, голем број на аеродромите во Шпанија се затворени.