Top Sport

Видиќ: Вирџил, најдобар си на свет, само така продолжи!

Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Србинот Немања Видиќ не штедеше зборови за пофалба за моментниот капитен на Ливерпул, еден од најдобрите одбранбени играчи на планетава, Холанѓанецот Вирџил Ван Дајк.

„Минатата година имаше неверојатна сезона, дефинитивно е меѓу најдобрите дефанзивци на светот и тоа го покажува од недела во недела. Во оваа сезона го чекаат предизвици, повторно играат на сите фронтови, но сигурен сум дека без проблеми ќе ги реши“ – изјави Видиќ кој според зборовите на Алекс Фергусон беше своевремено неговиот омилен играч во таборот на „црвените ѓаволи“.

„Црвените“ од Енфилд во претстојното коло ги чека дуел со Челси, а Видиќ за тој меч има само една порака за Ван Дајк.

„Вирџил, најдобар си на светот, само така продолжи и ќе го оствариш сето она за што си сонувал“ – смета Видиќ.

Scroll to Top