По разочарувачкиот старт на сезоната во италијанската Серија А, Управата на римски Лацио ака промени, а прв на удар е тренерот Симоне Инзаги.
Лацијалите откако ја отворија сезоната со победа против Сампдорија, следуваше ремито со градскиот ривал Рома, па следуваа поразите од СПАЛ (Серија А) и Клуж (Лига Европа).
Само 4 бода за 3 кола во првата италијанска лига се најлош старт на Лацио откако Симоне Инзаги е на кормилото на клубот, до 2016 година.
Италијански „Ил Месаџеро“ објави дека претседателот на клубот, Клаудио Лотито веќе контактирал со екс-играчот и тренер на Милан, Џенаро Гатузо кој и летоска се поврзуваше со тренерската позиција кај „небесно сините“.
Гатузо е слободен откако на крајот на минатата сезона заработи отказ во Милан откако со „росонерите“ не успеа да избори пласман во ЛШ.