Top Sport

Наоми Осака: Најдобра сум на тврда подлога!

Тенисерката број 4 на најновата ВТА листа, Јапонката Наоми Осака изјави дека најдобро се чувствува кога игра на тврда подлога.

Осака е во одлична форма, откако пред домашна публика со 6-4 и 6-4 славеше над Казахстанката Јулија Путинцева (36-та на ВТА) и се пласираше во полуфиналето на Пан Пацифик Опен.

21-годишната тенисерка е двојна гренд слем шампионка.

„Многу научив од Путинцева кога се сретнавме на Вимблдон, но на тврда подлога сум најдобра, тука најдобро се чувствувам. Кога играм во Јапонија имам поголема предност него било каде во светот“ – вели Наоми Осака.

Scroll to Top