Дејвид Бекам бара фудбалери за својот нов тим, Интер Мајами, поточно бара големи ѕвезди кои ќе донесат еуфорија во МЛС лигата во САД. Новиот шампионат започнува во март, а најверојатно Англичанецот го решил и прашањето – кој ќе биде тренер на тимот.
Неофицијално, се работи за Сантијаго Солари кој беше сменет во Реал Мадрид по само 32 меча. Во неговиот „мандат“ „Кралевите“ остварија 22 победи, имаа две ремија, и доживеаја 8 порази.
На клупата на кралскиот клуп стигна од втората екипа на Реал.
Солари чиј прекар е „малиот индијанец“ имал допир со американскиот фудбал. Пред да дојде во Европа, во неколкуте големи фудбалски имиња, тој играл фудбал за колеџ во Њу Џерси.
Во кариерата има настапувано за Ривер Плата, Атлетико Мадрид, Реал Мадрид, Интер, Сан Лоренцо, а настапувал и во клубови во Мексико и Уругвај.