Објавена е најновата ранг листа на најбогати во светот на тенисот.
Листата повторно ја предводи сега 80-годишниот Романец Јон Кирјак кој како просечен играч настапувал во седумдесетите години од минатиот век.
Романецот чие богатство се проценува на околу 1.1 милијарди евра во соседна Србија е познат како кум на екс-тенисерот Бобан Живоиновиќ кој е во брак со естрадната ѕвезда Лепа Брена. Интересен е податокот на Кирјак кој вели дека тој има 35 деца, а богатството го стекнал по завршувањето на тениската кариера во која успех му е освојување на турнир во Минхен 1970 година, и пехар во дубл на Ролан Гарос истата година.
Втор на новообјавената листа на најбогати тенисери е Роџер Федерер чие богатство се проценува на 450 милиони долари.
Трет на листата е Новак Ѓоковиќ со богатство од 200 милиони долари.
Листата потоа ја сочинуваат Марија Шарапова (195 милиони долари), Рафаел Надал (180 милиони долари), Серена Вилијамс (180 милиони долари), Андре Агаси (175 милиони долари), Енди Мареј (165 милиони долари), Пит Сампрас (150 милиони долари), Џон Мекинро (100 милиони долари).