Поранешниот кошаркарски репрезентативец на Србија, Владимир Штимац, отпишал дел од долговите кои кон него ги има Црвена звезда.
Штимац во дресот на Црвена звезда настапуваше во сезоната 2015/2016, што беше негов втор мандат во клубот, а таа сезона тој ја освои АБА лигата и пренството на Србија.
Штимац за време на летната пауза ги промовираше сезонските билето и на тој начин дополнително му помогнал на клубот да ги надмине финансиските проблеми.
Црвена звезда во меѓувреме ги расчисти сметките со Штимац.
По заминувањето од Белград Штимац играше во Бешикташ, а од оваа сезона е член на Ефес.
Токму Штимац со Ефес, вечерва од 19 часот, ќе и гостува на Црвена звезда во 11.коло во Евролигата.