Top Sport

Казна поради намерно добиен жолт картон: УЕФА го суспендира Карвахал

Реал без еден значаен играч ќе биде во првиот осмина-финален натпревар во Лигата на шампионите. Поради намерата да заработи жолт картон против АПОЕЛ, за да ги „исчисти“ жолтите картони, УЕФА го суспендира Дани Кавахал на еден натпревар.

На Кипар, во петтото коло, Реал го победи АПОЕЛ со 6:0, а Кавахал во финишот намерно доби жолт картон поради што го пропушти мечот со Тотенхем. Тој ги исчисти картоните за осмина-финалето.

Поради намерата да добие жолт кртон УЕФА му изрече суспензија на еден меч на десниот бек.

Реал името на противникот во осмина-финалето ќе го дознае в понеделник. „Кралскиот клуб“ во првиот меч ќе биде домаќин, а тој натпревар ќе го пропушти Карвахал.

Scroll to Top