По два меча без победа во Серија А и засрамувачкиот пораз од 2:1 од ЦФР Клуж во Лига Европа, тимот на Лацио се врати на победите, откако со 2:0 ја победи Парма во последниот меч од четвртото коло во Италија.
Чиро Имобиле го отвори резултатот во осмата минута од мечот на „Олимпико“ по еден брз контра-напад, а Црногорецот Адам Марушиќ во 67. минута зголеми на 2:0 по еднапрекрасна асистенција на Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Со победата, тимот на Симоне Инзаги има седум поени и се наоѓа на петтото место на табелата, додека Парма е на 15. место со една победа и три порази.