Top Sport

Реал со мотивирачка победа кај Севилја (видео)

Реал Мадрид стигна до важна гостинска 1:0 победа над Севилја во неделното дерби на Ла лига, во пресметка на Зинедин Зидан со поранешниот тренер на „кралевите“, Хулен Лопетеги, по која „кралевите“ се израмнија со 11 поени со лидерот Атлетик Билбао по седум кола.

Победата доаѓа по 3:0 поразот од Пари Сен-Жермен во Лигата на шампионите во средината на неделата и е важен за враќање на довербата на „Бернабеу“.

Во лошото прво полувреме, двата тима не преземаа иницијатива, но Реал беше поблиску до гол, прво преку Еден Азар во 35. минута, а потоа преку Дани Карвахал четири минути подоцна, но Вацлик двапати беше подготвен и немаше посериозна опасност.

Додека Севилја се обидуваше со високи топки да им направи проблем на „кралевите“, играта се смени во 64. минута, кога по акцијата на Герет Бејл, Дани Карвахал имаше одлично нафрлање и Карим Бензема не згреши со глава.

Севилја имаа повеќе од топката во нозете и неколку пати се заканија од далеку преку Окампос, меѓутоа одбраната на Реал функционираше добро и не дозволи израмнување.

Ова е првпат од март 2002 година, Севилја да не постигне гол против Реал на својот „Рамон Санчез Писхуан“, прекинувајќи ја низата која трае 17 натпревари.

Scroll to Top