Густата магла на патеката во швајцарскиот ски-центар Сент Мориц ги примора организаторите да ја откажат трката во алпска комбинација.
Беше планирано трката од Светскиот куп да започне со супер-џи трка во утрото, но организаторите решија да започнат со слаломот, но откако тој беше комплетиран, времето не дозволи одржување на супер-џи делницата.
По слаломот, Американката Микаела Шифрин беше најбрза со 0.39 секунди пред Швајцарката Венди Холденер, светската шампионка во комбинација. Другите скијачки беа на над 1 секунда зад нив.
ФИС одлучи, резултатите од саботната редовна супер-џи трка да се искористат за калкулација на победникот во комбинација. Покрај супер-џи трката во сабота, во недела има уште една трка во истата дисциплина.