Напаѓачот на Манчестер сити, Серхио Агуеро реши да ѝ се заблагодари на својата мајка за помошта при опоравувањето од повредата на реброто.
29-годишниот аргентински напаѓач ги скрши ребрата при сообраќајна несреќа во Амстердам враќајќи се во Англија по концерт. Агуеро имаше неочекувано брзо опоравување, откако минатата недела се врати на тренинзи, а беше замена при 7:2 победата на Сити над Стоук.
„Среќен ден на сите мајки. Те сакам мамо“, напиша Агуеро на Инстаграм.