Top Sport

Погба платил 15.000 фунти за ротвајлер

Пол Погба, ѕвездата на Манчестер Јунајтед, издвоил 15 милиони фунти (17 милиони евра) за специјално тренирано куче од расата ротвајлер, пишува „Сан“.

„Секогаш сум тажен кога се простувам. Направивме уште една испорака, нека му е со среќа на кучето“, напишал Ришар Даглас кој го тренирал кучето.

„Сан“ пишува дека причините за оваа инвестиција што ја направил Погба е несигурноста што ја чувствувал откако бројни навивачи биле лути поради неговите лоши партии од почетокот на сезоната. Навивачите се почесто бараат тој да биде продаден.

Исто така тој решил да купи вакво куче поради зачестените кражби во домовите на неговите колеги, фудбалери.

Погба е третиот играч на Манчестер Јунајтед кој во краток временски период купува специјално трениран ротвајлер. Пред него то го направиле Маркус Рашфорд и Фил Џонс.

 

Scroll to Top