Top Sport

Клоп нема дилема кој тим е најдобар во светот

Ливерпул има максимални шест победи во Премиер лигата, пет бода предност пред Манчестер сити, но за тренерот Јирген Клоп неговиот тим не е најдобра во светот.

Германецт е импресиониран од Манчестер сити кои во саботата ги декласираа Вотфорд со 8:0.
„Имавме слична ситуација кога изгубивме 5:0. Ако имате десет играчи Манчестер сити е најлошото место каде што можете да бидете. И претходно сум го кажал ова, навистина мислам дека се најдобриот тим во светот. На моменти се брилијантни, но не сме ниту ние лоши. Така стојат работите“, рекол Клоп.

Германецот и покрај перфектниот старт во Премиер лигата не сака да размислува за титулата која не „Енфилд“ се чека три децении.

„Слушам веќе се говори за титулата, а до крајот има уште 32 натпревари. Одигравме само шест натпревари. Многу е рано за вакви приказни“.

Ливерпул, во неделата, со 2:1 ги победија Челси во Лондон.

Scroll to Top