Марио Балотели вели дека „не му е грижа“ за играњето против Кристијано Роналдо и Јувентус, подготвувајќи се за мечот помеѓу неговата Бреша и италијанскиот шампион.
29-годишниот Балотели се врати во Италија по престојот во Марсеј, но паузираше од првите четири натпревари поради суспензија која ја доби со францускиот тим и сега вели дека се фокусира на головите, а не на Роналдо.
„Дали ме возбудува што ќе играм против Роналдо? Навистина не ми е грижа. Тој е голем шампион, заедно со Меси најдобар фудбалер на светот и убаво е да се игра против него, но јас не се возбудувам. Ќе одам на голови, како во секој друг меч“, вели Балотели, кој нема играно откако доби црвен картон во последниот меч за Марсеј на 24 мај.
Супер Марио вели дека може ќе му биде потребно време да ја врати „острината“ пред голот, но вели дека е во иста физичка форма како кога беше фудбалер на Манчестер сити.
„Се чувствувам удобно во моите подготовки. Во последните месец и половина, работев понапорно отколку во последните 10 години во кариерата. Не е важно со кого играм, важно е да играм добро“, додава Балотели.