Top Sport

Фетел: Се лажеш ако мислиш дека си поголем од Ферари

Себастијан Фетел вели дека „ниту еден човек“ не може да биде поголем од Ферари, во индиректна порака до својот клупски колега Шарл Леклер по контроверзните тактички одлуки на италијанскиот тим на Сингапур ГП трката.

Фетел стигна до својата прва победа по повеќе од една година, откако Ферари решија да го повлечат во боксот еден круг пред Леклер, иако возачот од Монако беше на пол-позицијата и на првото место. По ова, Леклер неколку пати преку радио-комуникацијата со тимот побара објаснување за одлуката, а по трката призна дека е разочаран од развојот на настаните.

Фетел, кога беше запрашан дали повеќе чувствува дали се работи за тимска или лична победа, даде јасен одговор.

„Мислам дека многу се лажеш ако некогаш помислиш дека си поголем од овој тим. Мислам дека ниту еден човек не може да биде поголем од тимот. Ова очигледно е победа за тимот, трета во низа што е одлично откако бевме уништени во Унгарија, каде што заостанувавме минута зад победниците. Секако, секој си ја гледа својата трка, но ништо не може да го победи тимот. По Монца бев многу разочаран за мене, но среќен за тимот, а сега сум среќен и лично и за тимот“, изјави Фетел.

Леклер не ја сфаќа „не-фер“ стратегијата на Ферари

Scroll to Top