Откако вчера Манчестер јунајтед доживеа уште еден „несреќен“ пораз од 2:0 на гостувањето кај Вест хем, огромно внимание предивика дискусијата на трибините помеѓу дефанзивецот Фил Џонс и извршниуот потпретседател на клубот, Ед Вудвард.
Британскиот таблоид „Дејли мејл“ толку многу посакуваше да дознае што го налути Вудвард за да му порача Џонс да замолчи, што ангажирале професионален читач од усни.
Според нивниот заклучок, по примањето на првиот гол на Јунајтед, Џонс кратко искоментирал: „Ќе те отпуштат утрото“, најверојатно мислејќи на својот менаџер Оле Гунар Солскјер, по што Вудвард му се врти и му вели: „На камера сме, престани“. Инаку токму навивачите на Вест хем му пееја „Ќе те отпуштат утре“ на Солскјер во текот на мечот.
Phil Jones: “sacked in the morning”
Ed Woodward: “we’re on camera stop” pic.twitter.com/a2dFZLQM1t
— ❻ (@LFCJxmes) September 22, 2019
Тензии во Јунајтед ! Ед Вудвард му порача на Фил Џонс да замолчи! (видео)