Top Sport

Тензии во Јунајтед ! Ед Вудвард му порача на Фил Џонс да замолчи! (видео)

Манчестер јунајтед повторно успеа да ги разочара сопствените навивачи со бескрвниот 2:0 пораз од Вест хем, но на дел од навивачите најзабавен им беше моментот кога извршниот потпретседател на тимот, Ед Вувард му порача на дефанзивецот Фил Џонс да замолчи.

При резултат 1:0, ТВ снимките го покажаа Вудвард покрај Ли Грант, додека зад нив беше повредениот Фил Џонс. Додека тој коментираше (најверојатно за лошата игра на својот клуб), Вудвард му се сврте и му порача да ја затвори устата.

Кога подоцна камерманот повторно ги побара првите луѓе на Јунајтед на трибините, тие веќе беа заминати.

„Чеканите“ гo примораа Јунајтед на нова „капитулација“ (видео)

Scroll to Top