Top Sport

Навивачите на Челси очигледно не можат да заборават на Азар

Челси вчера загуби од Ливерпул со 1:2 во дербито на Премиер лигата, во меч во кој „сините“ можат да жалат за пропуштените шанси, посебно во второто полувреме.

Но, дел од навивачите на Челси се посрамотија, откако покрија една трибина од стадионот со голем транспарент со името на Еден Азар, кој летово „летна“ во Реал Мадрид. Навивачите признаа дека се работи за грешка, а не за некоја порака кон Азар или кон управата на клубот.

„Луѓето мислеа дека знамето Азар беше искористено намерно. Се работи за грешка, тоа е сè. Толку работа оди на организација на овие работи и со толку многу знамиња мораше да се случи еднаш. Не беше идеално, но можеме само да се насмееме“, се вели во соопштението.

Scroll to Top