Top Sport

Хески: Ливерпул немаат доволно „длабок“ тим да го победат Манчестер сити

Емил Хески смета дека слабата „длабочина“ во нападот на неговиот поранешен клуб Ливерпул може да значи ново губење на титулата од Премиер лигата од Манчестер сити.

„Црвените“ имаат шест победи во првите шест меча од сезоната и предност од пет поени на врвот на табелата, но Сити овој викенд се вратија со зачудувачката 8:0 победа над Ватфорд, најголем триумф во лигата за нив, и тоа со Рахим Стерлинг и Габриел Жесус на клупата. Ливерпул, пак, според Хески ќе има голем проблем ако било кој од триото Мохамед Салах-Роберто Фирмино-Садио Мане се повреди.

„Тежок предизвик бидејќи во моментов Сити го имаат најдобриот тим, односно најдлабокиот. Дури и да извадите некои од нивните стартери, секогаш имаат некој кој може да ја заврши работата. Ливерпул, ако ги извади Салах, Мане или Фирмино не е истиот тим. Сити исто така имаат подобар среден ред и може да постигне повеќе голови од средината. Но, ако Ливерпул продолжи вака, којзнае…“, вели Хески.

Scroll to Top